Трајков: СДСМ се само едно добро друштво за журки во Дубаи, ништо повеќе

Сметам дека моменталното друштво на СДСМ мора под итно да размисли за реформи кога веќе зборуваме за некакви реформи затоа што сметам дека во моментов се само едно добро друштво за журки во Дубаи, ништо повеќе, вели заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков.

Таа истакнува дека изјавите на СДСМ се небулозни и граѓаните не веруваат.

-Крајно време е да се зафатат со работа, а не да зборуваат вака требало, така требало. Дечки до вчера бевте на власт, требаше да си ги сработите работите, не бевте заинтересирани. Оставете не’ да работиме. Можеби е ваша задача да критикувате како опозиција, но гледаме дека моментално фокусот е кој пејач да го викнат на журка, изјави Трајков.

Слични