Прегазена 80 годишна жена, се здобила со тешки повреди

На 21.12.2024 во СВР Велес било пријавено дека околу 09.40 часот на улица „11-ти Октомври“ во Велес, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Н.(30) од Велес, удрило во 80-годишната К.К. од Велес.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.К., констатирани во болницата во Велес, информира МВР.

По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Слични