Кристијан Грчевски останува селектор на женската ракометна репрезентација

Кристијан Грчевски ја доби довербата од Управниот одбор на Ракометната федерација и останува на селекторското место во женската репрезентација на Македонија.

Нашите девојки успеаја после долго време преку квалификацискиот циклус да се пласираат на Европското првенство, а таму освоивме и еден бод против селекцијата на Турција, па сите овие успеси беа доволна причина за продолжување на соработката со Грчевски.

Новиот договор ќе биде со важност до летото 2026 година.

Слични