Манчестер Сити ја прекина негативната серија со успехот над Лестер

Манчестер Сити ја прекина серијата од пет натпревари без победа со триумф од 2-0 на гостувањето кај Лестер во натпревар од 19. коло на англиската Премиер лига.

Бразилецот Савињо го отвори резултатот во 21. минута со својот прв гол во Премиер лигата, а Ерлинг Халанд го постигна вториот гол во 74. минута со глава по центаршутот на Савињо.

Тоа беше само втора победа за Сити во последните 14 натпревари во сите натпреварувања и го намали притисокот од менаџерот Пеп Гвардиола, за кого ова беше 500-ти натпревар на чело на „граѓаните“.

Резултати од Премиер лига:

Лестер – Манчестер Сити 0:2
Кристал Палас – Саутемптон 2:1
Евертон – Нотингем Форест 0:2
Фулам – Бурнемаут 2:2
Тотенхем – Вулверхемптон 2:2
Вест Хем – Ливерпул 0:3 (на полувреме).

Слични