Рекетарско однесување на ССМ и УПОЗ- имаат барање надвор од Законот

УПОЗ синдикатот на администрацијата по министерствата, најави штрајк поради нивното барање администрацијата да добие дури за 30% поголеми плати. Оваа одлука доаѓа без претходни преговори со Владата, што предизвикува остри реакции од различни страни.

Според познавачите, некоректно е што веднаш без преговори синдикатот на ССМ упатува на тоа да се почне со штрајк како прва мерка.

Аналитичарите коментираат дека ова нивно барање не е предвидено ниту со закон, ниту со колективен договор- што значи дека тоа е директна уцена за решение надвор од закон.

-Рекетарското однесување на ССМ и УПОЗ уследува како низа чекори кои следат и може да се толкуваат како опозиција на Владата. ССМ е во блиски односи и е спотер на ДУИ, Левица и СДСМ сакајки да бидат поголема опозиција од опозицијата, велат познавачите.

Иако Владата ги покачи платите на просветните работници и докторите и здравствениот персонал, сега синдикатот бара повисока плата и на администрацијата по министерствата.

Дополнително, јавноста критикува дека синдикалните лидери, кои примаат плати над 1.000 евра со дополнителни привилегии, се однесуваат како монарси, што го намалува кредибилитетот на нивните барања.

Слични