Барселона тргнува по потписот на Рашворд

Барселона планира да го донесе англискиот напаѓач Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед во своите редови до крајот на јануари.

Рашфорд, кој не е во плановите на менаџерот Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед, добил јасна порака дека најдобро би било да си пронајде нов клуб.

Веќе е познато дека 27-годишниот напаѓач е достапен на трансфер-пазарот во јануари. Први интерес пројавија Милан, а потоа и Јувентус, но сега во трката за Рашфорд влегува и Барселона.

Според каталонскиот весник „Спорт“, Барселона е решена да го ангажира Рашфорд.

Слични