(Фото) МАКЕДОНЦИТЕ СЛАВАТ СТАРА НОВА ГОДИНА – ВАСИЛИЦА ВО АЛБАНИЈА
Слава на Бога во висините, мир на земјата и добра волја и љубов меѓу луѓето, порача Едмонд Темелко, поранешниот градоначалник на општина Пустец.
Ние Македонците знаеме да славиме и да даруваме и затоа богољубиво и човекољубиво празнуваме, љубете го ближниот свој и Бога Сесоздателот. Бог да ни даде мир и љубов, повеќе рожби во семејствата, род во полето, повеќе работа и радост. Правете добро, а не лошо. Мислете арно, а не злонамерно!

Среќна Василица! Среќна и бериќетна Стара Нова Година! Честито име на тие што го имат, за многаја лета на тие што Свети Василиј го имаат за куќна слава. Амин!

