Ѓорѓиев: Холандија е искусна репрезентација, ние направивме доста грешки и ривалот не казни
Сакам да им честитам на соиграчите, Холандија има една искусна репрезентација, ние направивме доста грешки кои ривалот ги казни и го искористи тоа, изјави после натпреварот против Холандија македонскиот репрезентативец Никола Ѓорѓиев.
-Сакам да им честитам на соиграчите. Игравме против поинаква селекција од Унгарија. Холандија има една искусна репрезентација, ние направивме доста грешки кои ривалот ги казни и го искористи тоа. Ни останува да се одмориме добро, да ги избистриме главите, да се адаптираме на ситуацијата и да се спремиме за Гвинеја против која одиме на победа, изјави Ѓорѓиев.
Македонија вечерва во рамките на второто коло од групното натпреварување во рамките на Светското првенство во ракомет загуби од Холандија со резултат 37:32.
Она што треба да се забележи, е фактот што Македонија создава нова подмладена екипа на која сите и предвидуваат блскава иднина.
Во последното коло од групната фаза на првенството Македонија силите ќе ги одмери против селекцијата на Гвинеја.