Оле Гунар Солскјер е нов тренер на Бешикташ
Норвежанецот Оле Гунар Солскјер потпиша нов договор со турскиот гигант, Бешикташ.
Легендата на Манчестер Јунајтед не работеше никаде откако замина од таборот на „ѓаволите“, а сега реши да се пресели во Турција и да му помогне на тимот кој е на шестата позиција во Суперлигата и се бори за пласман во евро-куповите следната сезона.
Договорот со Бешикташ трае до крајот на следната сезона, а во него има и опција за продолжување на соработката.