ЗАТВОРЕНИ УЛИЦИ ВО СКОПЈЕ ПОРАДИ ВОДИЦИ Добро испланирајте го движењето во Центар, Кисела Вода и во Ѓорче Петров

По повод верскиот празник Богојавление-Водици денеска ќе има посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Кисела Вода.

СВР Скопје соопшти дека во центарот на градот за сообраќај ќе биде затворена улицата Филип Втори Македонски, на потегот од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до крстосницата со улицата 11-ти Октомври, во двете насоки.

Во општина Кисела Вода ќе бидат затворени за сообраќај улиците 14 Декември и дел од улицата Христо Татарчев до салата „Расадник“.

Во општина Ѓорче Петров ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата Свети Петар и Павле, булеварот Партизански одреди, до улицата Ѓорче Петров, потоа улицата Ѓорче Петров до улицата Васил Чакаларов, како и од црквата Свети Пантелејмон, улицата Козле, дел од улицата Васил Чакаларов до Железничкиот мост на реката Вардар.

Слични