Гвинејците честитаа: Македонија е одличен тим, не можевме да трчаме како нив

Ракометарите на Гвинеја дебитантскиот настап на Светското првенство го заврши со три порази, а последниот беше од Македонија. На прес-конференцијата по натпреварот својот став го изнесе селекторот Кевин Вили Деко, кој кажа:

„Честитки за македонската репрезентација. Ова беше наш трет натпревар и не е лесно да се игра три натпревари во пет дена за селекција дебитант. Македонија е одличен тим, а ние париравме дваесеттина минути. Проблем ни беше интензитетот, бидејќи немавме многу време за подготовки. Нашата ротација си го направи своето, не можевме да трчаме како Македонија и тоа се забележа. Во иднина очекувам да бидеме уште подобри“.

Освен него се обрати и ракометарот Сирумар Џало кој даде само краток коментар.

„Ова беше одлично искуство за нас и напредуваме од натпревар во натпревар. Верувам дека ќе бидеме подобри како што времето одминува“, изјави Џало.

Гвинејците ќе продолжат во Президент купот со уште три натпревари во Пореч.

Слични