Кизиќ: Одигравме одличен натпревар, доколку бидеме вистински можеме да победиме и против Австрија

Голманот на нашата репрезентација Марко Кизиќ доби шанса да го брани голот на Македонија и одлично ја заврши својата обврска со петнаесет интервенции, а по натпреварот против Гвинеја и победата од 29:20, рече дека тимот одиграл добар натпревар и очекува одлични резултати во следната фаза.

„Имавме одличен натпревар, можеби малку на почеток бевме во грч, но се опуштивме како што течеше времето. Поддршката од трибините добро ми дојде, потоа влеговме во ритам и одигравме одличен меч. Се чувствуваме одлично затоа што одигравме три доста квалитетни натпревари во групата. Штета што не одиме понатаму со повеќе бодови. Имаме добра атмосффера во екипата и во соблекувална, првата цел е остварена. Австрија е следен противник, се работи за квалитетна репрезентација и може да победиме ако бидеме вистински“, рече нашиот голман Марко Кизиќ.

Слични