Пешевска: Хуманоста е клучна одлика на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, постигнуваме значајни успеси на домашен и меѓународен план
Во вечерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ гостуваше пратеничката и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска која дискутираше за многу значајни теми кои ги засегаат жените а и општеството во целост, како што е улогата и вклученоста на жената во општествените области, нејзините права, при што фокусот го стави на актуелните активности на УЖ, како и досегашните остварувања, но и целите и идеите за во иднина.
Пешевска се осврна на многубројните успешни активностите кои се реализирани во 2024 година, таа посочи дека се остварени најмногу хуманитарни активности кои опфаќаат повеќе семејства ,како од социјален ризик така и многудетни семејства, но и лица и здруженија со попреченост, притоа таа наведе дека се овозможени низа на крводарителски акции, и добивање на плакета во знак на хуманоста како клучна одлика на УЖ.
„Она што е најважно е што работиме со сите целни групи, дали се тоа спортисти, земјоделки, млади, пензионери итн. Имавме околу 2000 активности на годишно ниво, две третини од тие активности ни се хуманитарни активности, всушност тука ги третираме сите семејства во голем број, семејства од социјален ризик, многудетни семејства, лица и здруженија со попреченост, имаме низа крводарителски акции и за што всушност бевме одликувани во минатата година, за што добивме соодветна плакета, признание за нашата хуманост“, рече Пешевска.
Пратеничката и претседателка на УЖ Пешевска, посочи дека се спроведуваат многу процеси за зајакнување на улогата на жената во сите области од општествениот живот, и истакна дека е потребно поголемо учество на жените на пазарот на трудот.
„Ние покажавме еден полиберален начин на пристап и на доста жени тоа им се допадна, другиот начин на профилирање не е само преку нашите активности туку и преку политичката академија, со која што всушност третираме актуелни теми, теми коишто ги допираат жените. Еден предизвик како УЖ но и како сегашна Влада, треба да ни биде тоа да бидеме фокусирани што повеќе жени да мотивираме да бидат вклучени на пазарот на трудот“, вели Пешевска.
Исто така Пешевска ги сподели идеите за ангажирање на меѓународен план со нејзиното учество на Форумот на Меѓународната демократска унија во Вашингтон, каде е именувана за потпретседателка и образложи дека токму тие настани се од суштинско значење за промовирање на активностите на УЖ, на партијата но и промовирање на самата држава.
„Што мене ми е многу важно е промоција на Унијата на жени на овие настани и сакам да споделам со јавноста дека навистина како женска најмасовна организација во Република Македонија, не само по организираноста, по ефективноста и по бројот на настани предничиме пред многу развиени демократии и можеме да бидеме одличен пример“, рече Пешевска.