Васев: Мицкоски во Вашингтон ја промовира Македонија на начин како што никогаш ниту еден политичар порано не ја промовирал

Претседателот Мицкоски во Вашингтон ја промовира Македонија на начин како што никогаш ниту еден политичар порано не ја промовирал, посочува Светислав Васев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој на својот Фејсбук профил напиша дека средбите и контактите кои се направени се камен темелник за една сосема поинаква иднина.

-Македонија од денес повеќе не е истата држава од изминативе 34 години. Резултатите од овие средби не само што ќе се гледаат во претстојниот период, туку и ќе имаат позитивни импликации во наредните децении. Состаноците кои се направени од страна на претседателот може да се поделат во два дела. 1.Политички состаноци со луѓе на Трамп, креаторите на политики и мислења во Вашингтон. 2. Средби со големи имиња од светот на бизнисот, кои ја движат светската економија, посочи тој.

Васев истакна дека од овие средби е јасен и фокусот на оваа влада за Македонија: Политичка стабилност;  Квалитетна меѓународна претставеност; Економски развој.

Васев порача дека Македонија се трансформира.

Слични