Дел од Општина Центар, с. Студеничани и с. Орман без вода
Без вода денеска од 9 часот ќе биде градинката „Кочо Рацин“ и дел од корисниците лоцирани на улиците „Питу Гули“, „Ацо Караманов“,„Димитар Пандилов“, „Ганчо Хаџипанзов“ и дел од „Караорман“ во Општина Центар.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект од ф-200 милиметри на улицата „Питу Гули“ број 5.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.
Исто така, денес поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 90мм на улица 5 бр.50 с. Студеничани со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од с. Студеничани.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:45 часот до завршување на работните активности.
-Имено, поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм на улица 1 бр.6 с.Орман. Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од с. Орман и с. Нигиштани. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:45 часот до завршување на работните активности, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.