Панди Јани: Честитки за историската победа на Македонија во ракомет!
Честитки за победата на македонските ракометари против Катар испрати македонскиот активист и претседател на партијата на Слободата во општина Пустец, Панди Јани.
Браво, лавови! Со срце, борбеност и неверојатна енергија, ја извојувавте големата победа против Катар на Светското првенство! Вашата игра и посветеност се за почит покажувајќи ја силата на македонскиот спортски дух.
Оваа победа е гордост за цела Македонија! Нека ова биде само почеток на уште многу успеси на ова првенство. Вие сте нашите херои!