ВИДЕО: Запленети рекордни 8,2 тона кокаин во Колумбија
Колумбиските безбедносни сили запленија 8,2 тона кокаин во пристаништето на градот Буенавентура на пацифичкото крајбрежје, што претставува едно од најголемите количества запленета дрога во историјата на земјата, соопшти претседателот Густаво Петро, пренесува ДПА.
„Националната полиција заплени 8,2 тона кокаин во пристаништето Буенавентура,“ објави Петро на социјалната мрежа Икс. „Ова е една од најголемите заплени на кокаин во историјата на Колумбија. Само овој месец полицијата заплени 24 тона.“
Ayer, en el puerto de Buenaventura, la @PoliciaColombia incautó 8.2 toneladas de cocaína que tenían como destino la ciudad de Toledo (España). Con la incautación de esta droga, valorada en 453 millones de euros, se evitó la comercialización de más de 20 millones de dosis. pic.twitter.com/OQgvTd8FJK
— Iván Velásquez Gómez (@Ivan_Velasquez_) January 22, 2025
Минатата година во Колумбија беа запленети вкупно 848,5 тона кокаин, што е рекорден број и претставува зголемување од 14 отсто во однос на истиот период претходната година.
По Соединетите Американски Држави, Европа е најголемиот пазар за кокаин од Колумбија, Перу и Боливија, потсетува ДПА. Во 2023 година, во европските пристаништа биле запленети над 300 тона кокаин, а само во Антверпен беа запленети рекордни 121 тон, што претставува зголемување од околу 10 отсто во однос на претходната година.