Кузмановски: Покажавме како се игра за Македонија

Капитенот на македонската машка ракометна репрезентација Филип Кузмановски со шест погодоци беше не врвот на листата на стрелци, но она што е најважно националниот тим го победи Катар.

-Кажав и пред натпреварот дека одиме на победа. Верував во мене, верував во момците, ова е награда за сите наши натпревари што се боревме и што немавме среќа во последните минути да издвојуваме победа. Ова е голема награда за сите нас што бевме максимално пожртвувани, за нашите семејства, Македонија. Горд сум на момците, се наоѓам под емоции и многу сум сум среќен поради оваа победа. Зад нас оставаме едно добро првенство, покажавме како треба да играме за Македонија и продолжуваме напред. Пред натпреварот се почувствува умор, малку сме потрошени, но одигравме како тим, изгинавме сите за еден, -истакна Кузмановски.

Слични