Мицкоски: Инвестиции се доказ за посветената работа и заложба да се решаваат реалните проблеми на граѓаните
Денеска извршивме увид на градежните активности за патот Катланово-Градманци во Општина Петровец, проект од исклучителна важност за локалното население. Со должина од 2.400 метри, овој пат ќе ги поврзе двете населени места и ќе го подобри секојдневниот живот на граѓаните, информира премиерот Христијан Мицкоски.
-Средствата за изградбата, се во износ од 12.200.000 денари, и се обезбедени од Владата преку унгарскиот кредит.
Паралелно, започна доизградбата на детската градинка, со капацитет за згрижување на 70 дечиња. Со ова, се елиминираат листите на чекање и се обезбедува топол дом за најмладите. Овој проект, вреден 9.470.000 денари, исто така е финансиран од Владата.
Овие инвестиции се доказ за посветената работа и заложба да се решаваат реалните проблеми на граѓаните. Чекор по чекор, градиме инфраструктура која остава трајни вредности , патишта, градинки, училишта и сали. Благодарност до сите што се вложени во овие проекти, со желба за уште повеќе вакви успеси кои го подобруваат животот на нашите сограѓани, пишува Мицкоски на Фејсбук.