Фенербахче се откажува од Филип Костиќ, го враќа во Италија

Турските медиуми пишуваат дека стручниот штаб на Фенербахче и управата нема да го откупи договорот на српскиот репрезентативец Филип Костиќ по завршувањето на сезоната

Српскиот репрезентативец пристигна на позајмица од Јувентус и беше најавен како огромно засилување, но Жозе Мурињо и неговите соработници решиле дека тој не им е потребен во тимот, без оглед што откупната клаузула изнесува само шест милиони евра.

Костиќ во дресот на Фенер одигра 14 натпревари, но забележа скромен учинок од само еден гол и две асистенции, па затоа Мурињо не сака да го задржи во тимот и тој летово сигурно ќе се врати во Јувентус.

 

Слични