Изгаснат пожарот во автобусот на ЈСП во Сопиште, интервенирано со две возила и осум пожарникари

Пожарот што денеска избувна во автобусот на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) во Сопиште е целосно изгаснат и нема повредени, потврди за МИА командирот на скопската Противпожарна бригада, Звонко Томевски.

-Во 12.33 часот имаме добиено пријава за настанат пожар. Пожарот се случи во автобус во близина на Сопиште, кај кружниот тек, изјави Томевски.

Изгаснат пожарот во автобусот на ЈСП во Сопиште, интервенирано со две возила и осум пожарникари

Тој информира дека при гаснење на пожарот е интервенирано со две возила и осум пожарникари и истиот целосно е изгаснат. (МИА)

Слични