Сиљановска Давкова: Успешната приказна нека продолжи да се развива!

Честитки по повод 20-годишнината од отворањето на првото Американско катче во Скопје, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот фејсбук профил.

„Американското катче е можност, пред сè, младите луѓе да бидат во контакт со американската култура, но и американските вредности, да го изучуваат англискиот јазик, да го знаат значењето на волонтерството, медиумската писменост, па и безбедноста.

Тоа е еден од симболите или центри на македонско-американското пријателство и партнерство, значаен показател за заемно разбирање и почитување, соработка која во фокусот ги има младите лидери во сите области како идни двигатели на општествените односи и промени“, наведува во објавата.

-Успешната приказна нека продолжи да се развива! Добриот дух на пријателство и соработка нека ги допре чувствата на оние кои веруваат во долговечноста на македонско-американското пријателство – е пораката што ја споделив со младите на настанот, додава Сиљановска Давкова.

Слични