Клеман Ноел најдобар на слаломот во Киѕбил
Француинот Клеман Ноел е победник на слаломската трка во Светскиот куп во алпско скијање која денеска се возеше во австрискиот Киѕбил.
До победата стигна со вкупно време од 1:41.49 минута што беше за девет стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Алекс Винацер од Италија.
Подиумот го надополни натурализираниот Бразилец, Лукас Бротен со заостанување од 19 стотинки зад времето на победникот. Во генералниот пласман лидер останува Швајцарецот, Марко Одермат.