Алиловиќ ги подгрева страстите: Знаеме дека Чема е луд, но она што го рече е навистина чудно…
Мирко Алиловиќ повеќе не брани за хрватската репрезентација, но искусниот голман се најде во центарот на вниманието со последната изјава дадена за унгарски „Немзети спорт“, во која отворено му одговори на селекторот Чема Родригез.
Алиловиќ, кој долги години настапуваше во унгарското првенство и добро ги познава репрезентативците на оваа земја изјави дека е изненаден од коментарите на Чема дека Унгарија е поквалитетен противник од Хрватска и дека ќе слави на денешниот четвртфинален дуел со Хрватска.
„Секој може да каже што сака, но факт е дека Хрватска заслужено се пласираше меѓу осумте најдобри во светот. Чема зборуваше разни работи, но ќе мора да го докаже тоа и на теренот. Знаеме дека тој е луд, можеби е преголем фан на својата екипа, но не верувам дека на терен ќе може да го покаже тооа. Факт е дека Хрватска е подобра репрезентација од Унгарците, кои не блескаат на овој мундијал, загубија со 10 гола разлика од Франција. Мислам дека со Унгарија ќе ни биде полесно отколку на мечот со Словенија. Имаат добри ракометари, но ние сме подобри на сите позиции“, изјави Алиловиќ.