Изборен инженеринг во Пустец – Собирање лични карти под закани
Претседателот на партијата на Слободата во општина Пустец, Панди Јани обелодени скандал и изборен инженеринг кој го спроведуваат локалната власт во општина Пустец и Еди Рама.
Со загриженост и силно негодување ја информираме јавноста за сериозните изборни нерегуларности што ги спроведува локалната власт во Општина Пустец, со поддршка на владата на Еди Рама. Во обид да ја загуши демократијата и да ја компромитира слободната волја на граѓаните, владејачката структура спроведува масовен притисок врз административните работници и жителите на општината, користејќи закани и уцени со цел манипулација на престојните избори.
Имаме цврсти докази дека се врши незаконско собирање на личните карти од дијаспората, со што се создава опасен механизам за изборен инженеринг и директно загрозување на интегритетот на изборниот процес. Ова е чин на злоупотреба на власта, спротивен на секоја демократска и правна норма.
Бараме итна кривична и морална одговорност за овие постапки! Апелираме до сите граѓани на Пустец и целата албанска јавност да не подлегнуваат на овие уцени и закани, туку да дадат отпор на владејачката диктатура. Демократијата и слободниот избор се основни права на секој граѓанин и не смеат да бидат узурпирани од корумпирани структури.
Ја повикуваме меѓународната заедница, независните институции и граѓанскиот сектор да реагираат против овој организиран изборен криминал! Ќе продолжиме да ја информираме јавноста и да се бориме за вистинска демократија во Пустец и во цела Албанија.
Доста е од диктатурата – време е за слободен избор! – порача Јани.