Лина Ѓорческа елиминирана во првото коло на турнирот во Франција

Македонската тенисерка немаше успешен настап на ИТФ фјучрс турнирот W75 кој се одржува во францускиот град Андрезио-Бутеон и загуби во првото коло од Жесика Понше со 2-0, по сетови 6-4 и 6-1.

Првата носителка ја елиминираше Македонката за еден час и четири минути и обезбеди второ коло на турнирот вреден 60.000 американски долари. Лина пружи силен отпор во првиот сет и не успеа да освои брејк во седмиот гем, а потоа противничката успеа да го затвори во своја полза.

Вториот сет комплетно ѝ припадна на Французинката, па така лесно успеа на крајот да слави со конечни 2-0. Нашата Лина Ѓорческа следната недела ќе настапи на нов фјучрс турнир, овој пат во Полска.

Слични