Данецот кој даде „зелено“ светло Дувњак да даде гол ја откри вистината за ракометната легенда!

Домагој Дувњак ја заврши репрезентативната кариера со пораз во финалето на Светското првенство, а Данците се погрижија легендарниот ракометар да си замине со голем стил оставајќи го да постигне гол. Имено, Мадс Менсах му даде знак на Јаник Грин да го пушти Дувњак да постигне гол, што на крајот искусниот голман го направи тоа.

Во изјавата по натпреварот, Менсах објасни зошто Данците решиле да покажат голем почит кон 36-годишната ракометна легенда.

„Тој е одличен, одличен играч и еден од најдобрите кои играле во мое време. Не можев да најдам причина да не го сторам тоа и да му дозволам проштален гол. Секако дека се надеваше во освојување на златен медал. Но, сепак мислам дека на репрезентативната пензија ќе гледа како на нешто добро и би биле среќни доколку можеме да дадеме мал придонес“, рече Менсах.

Дувњак го носеше репрезентативниот дрес речиси 20 години. Сребрениот медал на Светските првенства беше негов деветти медал во репрезентативниот дрес, но за жал ниту еден од нив не беше златен.

Слични