Нов удар за Манчестер Јунајтед

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез беше во солзи додека го изнесуваа на носилки поради повреда на левото колено за време на поразот на „црвените ѓаволи“ од Кристал Палас во Премиер лигата.

Репрезентативецот на Аргентина се здоби со повреда при обидот да се справи со напаѓачот на Палас, Исмаила Сар во 76. минута.

„Ќе видиме во наредните денови, но мислам дека ситуацијата е сериозна. Тој не е само одличен играч, туку и силен карактер во соблекувалната. Тој го почувствува тоа и кога сте играч, знаете кога е нешто сериозно. Тука сме да му помогнеме во ова тешко време, како што тој ни помогна нас“, рече менаџерот Рубен Аморим.

Слични