Бојан Димоски е нов играч на белградски Партизан!
Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски во новата година ќе има нов клуб, затоа што го напушти руски Акрон Тољати порано од предвиденото и се пресели во Србија.
Нов клуб на македонскиот играч е белградски Партизан. Димоски во Белград доаѓа на позајмица со право на откуп. Сите детали се договорени, останува само потписот на договоррот и промоцијата.
23-годишниот бек кој се афирмира како македонски репрезентативец под водство на Благоја Милевски пристигна во Акрон во јули 2023 година, а за него ова беше прва интернационална станица.
Бојан Димоски почна со сениорскиот фудбал во Вардар, со кого стана шампион на Македонија. Настапуваше уште и за Брера Струмица. За Македонија има вкупно 18 настапи.