Нема промена за него, нови проблеми за Конор Мекгрегор (ВИДЕО)

Конор Мекгрегор, повторно се најде во центарот на вниманието со нов скандал. Шест години подоцна сè уште е фрустриран од фактот што Хабиб Нурмагомедов го победи во најгледаниот натпревар на УФЦ.

Навикнати сме на кралот на ароганцијата и скандалозните испади (често се снима под дејство на разни супстанции, од алкохол па до сè останато), но овој пат по секоја цена сакаше да предизвика скандал.

Еден навивач при излез од хотел му довикна: „Ајде, напред Хабиб“, по што Мекгрегор веднаш реагираше. Се доближи до навивачот, му се внесе в лице и го плукна.

– Те плукнав во лице и што направи? Ништо, извика Мекгрегор додека си заминуваше, мислејќи дека со тоа што го направил е позитивно.

https://twitter.com/i/status/1886477060819898465

Слични