Интер договори фудбалски талент од Динамо Загреб
Италијанскиот фудбалски шампион Интер постигна договор со Динамо Загреб за трансфер на дефанзивниот играч за врска Петар Сучиќ, пренесуваат италијанските медиуми.
Трансферот на 21-годишниот талент е 14 + 2,5 милиони евра и 10% од парите на неговата следна продажба. Неговиот договор ќе биде на пет сезони.
Сучиќ бо Интер ќе пристигне во јуни за да му помогне на тимот во учеството на Светското клупско првенство на лето. Сепак, лекарските прегледи ќе ги помине во петок.
Сезонава младиот Хрват забележа 17 натпревари со 3 гола и 2 асистенции на сите турнири за Динамо, а во септември дебитираше за репрезентацијата на Хрватска, за која веќе има 5 натпревари со 1 гол и 1 асистенција.