Муртезани во работна посета на Атина

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денес, на 6 и утре, 7 февруари 2025 година ќе престојува во работна посета на Хеленската Република, каде е предвидено да има средби со претставници на грчката Влада и Парламентот.

Во рамките на посетата, министерот Муртезани ќе се сретне со заменик-министерката за надворешни работи на Грција, амбасадорката Александра Пападопулу. Средбата претставува можност за размена на мислења по повеќе прашања, вклучително и за унапредување на добрососедските односи, зајакнување и продлабочување на билатералната соработка и разгледување на клучните предизвици во процесот на европската интеграција на Северна Македонија.

Министерот Муртезани ќе оствари средба и со потпретседателот на грчкиот Парламент и претседател на Комисијата за европски прашања, Јоанис Плакиотакис.

Во фокусот на разговорите ќе биде парламентарната соработка, динамиката на реформскиот процес и можностите за заеднички иницијативи во контекст на политиката на проширување на ЕУ.

Слични