Се породи една од најубавите манекенки, Жизел Бундшен повторно мајка на 44 години
Жизел Бундшен го роди своето трето дете на 44-годишна возраст.
Една од најубавите манекенки на светот Жизел Бундшен доби дете со својот партнер Јоаким Валенте.
Според TMZ, мајката и бебето се добро.
Веста дека Жизел е бремена на 44 години привлече големо внимание, а папараците неуморно ја следеа во текот на целата бременост. Како што претходно беше објавено, Жизел ги испланирала деталите за породувањето, а според пишувањата на медиумите се поминало без проблеми.
Инаку, Жизел имаше две деца во бракот со Том Брејди, а веста за нивниот развод одекнуваше насекаде.
Многумина ја осудија Бразилката за врската со девет години помладиот инструктор за џиу-џицу, а имаше и такви кои го критикуваа фактот дека таа е бремена во петтата деценија.