Светскиот шампион во МОТО ГП доживеа тешка несреќа на тестирањата на Сепанг (ВИДЕО)
Шампионот во Мото ГП, Хорхе Мартин доживеа тешка несреќа за време на тестирањата во Малезија. Инцидентот се случи за време на тестовите што неговиот тим ги има на патеката Сепанг по што возачот на Априлија веднаш беше пренесен во медицинскиот центар.
При првичниот преглед Мартин се пожалил на многу силни болки во левата нога и десната рака, а „Газета дело Спорт“ пишува дека тој бил опериран.
Деталниот преглед покажал дека Мартин се здобил со затворена фрактура на метакарпалната коска на десната рака, како и затворени скршеници на третата, четвртата и петтата метатарзална коска на левото стапало.
https://twitter.com/i/status/1887188285472096476