МЗТ Скопје Аеродром загуби од Гостивар

Бранителот на титулата во Првата машка кошаркарска лига, МЗТ Скопје доживеа неочекуван пораз од Гостивар од 60:55 во премиерниот меч од 17. коло на шампионатот.

Гостите  на овој меч особено потфрлија и се посрамотија во третиот период во кој дадоа само четири кошеви.
Овие слабости беа искориститени од домашниот тим кој имаше четворица играчи со двоцифрен учинок, лидер беше Соколов со 13 кошеви.
Војдан со 18 и Крстевски со 15 поени беа најефикасни кај МЗТ каде целосно потфрлија Дамјан и
Магдевски кои иако поминаа по 30 минути на теренот заедно искомбинираа само 3 поени.

Слични