Партизан го победи Монако, Олимпијакос во последната секунда триумфираше кај Барселона
Кошаркарите на Партизан остварија многу важна победа во Евролигата. „Црно-белите“ го совладаа Монако на гости во 26. коло со 69:86 (18:21, 22:27, 15:14, 14:24). Овој триумф е многу важен за Партизан кој направи голем чекор кон пласман во плеј-ин, а не се далеку ниту местата кои водат во плеј-офот.
Најефикасен кај победниците беше Стерлинг Браун со 18 поени, Тајрик Џонс имаше 17. На другата страна најефикасен беше Ник Калатес со 14, додека Мајк Џејмс постигна 13.
Многу возбудувања имаше во последните натпревари од 26. коло по што следува подолга пауза во елитното натпреварување.Најмногу возбудувања видовме во Барселона, каде Олимпијакос со звукот на сирената стигна до 19-от триумфи во елитното натпреварување. Еван Фурние по пробив положи од табла за 90:88, со што ги растажи сите навивачи во Барселона.
Повторно одличен беше Саша Везенков со 24 поени и индекс на корисност 30, а одлична партија имаше Најџел Вилијамс Гос со 20 коша. Фурние на крајот постигна 18. Најефикасен кај Барселона беше Кевин Пантер со 20, Чимези Мету имаше 16, а Паркер и Бризуела по 14 поени.
Олимпијакос е лидер со сооднос 19-7, додека Барселона е изедначена од осмо до 10. место со Партизан и Армани со 14-12.
Голема драма беше видена и на натпреварот меѓу Виртус и Париз. Екипата о Болоња поведе со 72:60 на седум ипол минути до крајот, кога се случи голем пресврт. Париз потоа направи серија од 23:5 и на крајот дојде до важен триумф со резултат 83:77.
Македонскиот репрезентативец ТиЏеј Шортс се истакна со 16 поени и индекс на корисност 33, додека најефикасен беше Надир Хифи со 23 поени. За Виртус, Шенгелија постигна 17 поени, а Ајзеа Кординие имаше 15, која на крајот доживеа трагичен пораз поради промашените фрлања и голови од поле.
Басконија без многу драма го совлада Макаби со 89:82. Најефикасен играч беше Тимоти Луваву КАбаро со 20 поени, но најдобар поединец беше Чима Монеке со 18 поени и индекс 28. Конечно, дело со 17 поени постигна и Марксу Хауард. Кај Макаби се истакна Рман Соркин со 16 поени, а Леви Рендолф постигна 13.
РЕЗУЛТАТИ
Во петок:
Монако – Партизан 69:86
Барселона – Олимпијакос 88:90
Басконија – Макаби Тел Авив 89:82
Виртус Болоња – Париз 77:83
Во четврток:
Фенербахче – Реал Мадрид 78:67
Алба Берлин – Црвена ѕвезда 71:77
Панатинаикос – Анадолу Ефес 104:89
Жалгирис – ЕА7 Армани Милано 87:89
Баерн – Асвел Вилурбан 76:67