Сигурни победи на Е.Пелистер, Алкалоид и Вардар

РК Е.Пелистер го победи Куманово со 46-26 во дуелот во кој доминираа крилата Радивојевиќ и Костески кои заедно искомбинираа 20 погодоци.

Алкалоид пак одигра најдобра одбрана од „големата тројка“ и против Струга прими само 14 гола во славјето од 38:14. Најдобар стрелeц беше новото име Ивановски со шест гола, репрезентативецот Ѓорѓиев имаше пет реализации.

Вардар пак во скопската битка со Тинекс Пролер славеше со 34:29. Лазаревски се истакна со 7 гола, зад него беше Петриќ со 6 погодоци.

До триумфи дојдоа и ракометарите на ГРК Охрид, Бутел и Тиквеш.

Слични