Бен Афлек ја мерка познатата актерка, 20 години е заинтересиран за неа
Иако неодамна официјално се разведе од Џенифер Лопез, Бен Афлек сака да постигне нешто повеќе со актерката Џесика Алба.
Откако медиумите објавија за потенцијална романса меѓу Џенифер Лопез и Кевин Костнер, извор близок до Џесика Алба тврди дека Афлек има чувства кон неа.
Како што пренесуваат странските медиуми, во Холивуд има извори кои истакнуваат дека Бен Афлек би можел да се доближи до својата долгогодишна љубов Алба.
Инаку, Алба се разведе пред неколку недели по 16 години брак.
-Бен беше заинтересиран за Џесика речиси 20 години, и секогаш кога поминуваа време заедно, хемијата беше непобитна. Сега кога двајцата се сингл, а нивните деца се постари, изгледа како совршено време за нивната врска да процвета, рекол изворот.