Дебата за „Дигитална трансформација и вештачка интелигенција – предизвици и можности“

Во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ денеска во Клубот на новинарите ќе се одржи настан посветен на „Дигитална трансформација и вештачка интелигенција – предизвици и можности“.

На настанот ќе се дискутира за најновите трендови, можностите за развој, како и предизвиците што ги носи оваа технолошка ера, поаѓајќи од правните и етичките аспекти поврзани со употребата на ВИ, како и можностите што ги нуди вештачката интелигенција во образованието и медиумите.

– Дигиталната трансформација и вештачката интелигенција сè повеќе стануваат клучни фактори за развојот на економијата, образованието, правото и општеството во целина, наведуваат во соопштението.

Предвидено е настанот да биде отворен од страна на министерот за дигитална трансформација – Стефан Андоновски и Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Најавени се излагања и на Александар Спасеновски – професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Драган Секуловски – директор на Здружението на новинари, Сашо Кокаланов – вонреден професор на Факултетот за драмски уметности – Скопје, Иван Јованов – извршен директор на „ЛЕАД“ и Перица Сарџоски – директор за настава и соосновач на „Пегасус ЕЛС“, Тетово.

Слични