Јанис Адетокумбо поради повреда ќе го пропушти Ол-стар натпреварот
Како што пренесуваат американските медиуми, причината поради која ќе го пропушти Ол Стар викендот грчкиот кошаркар повреда на левата потколеница. Ѕвездата на Милвоки поради ова е на клупата цела недела, додека последните лекарски извештаи говорат дека Гркот нема да се опорави за Ол-стар натпреварот.
Како што додава Шамс Шаранија, Јанис се уште ги чувствува последиците од повредата. Има благи болки во потколеницата, па раководството и стручниот штаб на Бакс не сакаат нивниот најдобар играч да ризикува со посериозна повреда.
Сезонава Јанис има просек од 32 поени и 12 скока, а се уште не е познато кој ќе го замени за време на спектаклот во Сан Франциско.