Кил на спектакуларен начин го пречека Домагој Дувњак (ВИДЕО)
Хрватскиот ракометар Домагој Дувњак се врати во Германија, откако со Хрватска го освои сребрениот медал на СП минатата недела.
Неговиот Кил го одигра првиот натпревар годинава, совладувајќи го Магдебург со 31-25 во дербито од 18. коло на Бундеслигата.
Иако не можеше да игра поради повреда на потколеницата, Дувњак беше во салата каде му беше приреден спектакуларен пречек, а видеото можете да го проследите ТУКА.
Дувњак поради гореспоменатата повреда на потколеницата ќе биде надвор од терените најмалку уште еден месец и неговото враќање се очекува на почетокот на март.