Претседателот на Албанија во посета на Црна Гора
Албанскиот претседател Бајрам Бегај престојува во официјална посета на Црна Гора, на покана на претседателот Јаков Милатовиќ. По дочекот предвидена е средба меѓу шефовите на двете држави а потоа и средба на двете делегации.
Бегај во Црна Гора допатува вчера кога ги посети Туз, Плав и Гуца, населени главно со Албанци.
-Националните прашања треба да доминираат над било кој политички интерес поради фактот што се многу позначајни. Чувајте го албанскиот јазик, идентитет и култура, за што ја имате нашата поддршка, им порачал на средбата со претставниците на граѓански и политички субјекти.
Бегај, претходно, по свечениот пречек оддал почит пред споменикот на Скендер бег во Туз, кој беше поставен на 28 ноември минатата година, на Денот на независноста на Албанија.