Кривичниот законик на СДСМ/ДУИ пред Уставен суд

Уставниот суд на утрешната седница ќе расправа за оспорениот Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по иницијатива поднесена од Павле Трајанов во 2023 година. Измените на Кривичниот законик во 2023 година предизвикаа жестоки реакции во јавноста, во правната фела и во ЕУ, но и покрај повиците од граѓански организации да не го потишува указот за прогласување на тие спорни законски измени, тогашниот претседател Стево Пендаровски експресно стави потпис

Како што наведува Уставниот суд, подносителот на инцијативата навел дека оспорените законски измени се спротивни на владеењето на правото, заштитата на правото на сопственост и еднаквоста која ја промовира Уставот. Во иницијативата е наведено дека со овие измени една категорија граѓани се привилигирани, наспроти правосилно осудените лица кои добиваат дискриминаторски третман и за нив не важи намалувањето на казните.

Измените на КЗ во септември 2023 година беа донесени по брза постапка со ервсопско знаменце. Трајанов вели дека утрешната расправа по иницијативата за оспорување на овие законски измени, доаѓа „со огромно задоцнување“.

„Уште првиот ден кога законските измени стапија во сила, побарав времена мерка со која ќе се одложи нивната примена, бидејќи потоа штетите не ќе може да се надоместат. Сега по толку време ја ставија на дневен ред. Им беше полесно да ја развлечат постапката“, вели Трајанов.

Со спорните законски измени од 2023 година веќе се спаси троцифрена бројка лица од висока двоцифрена бројка на предмети.

Врз основа на одредени проценки, Трајанов смета дека околу 800 лица се спасиле од одговорност, дел „крупни риби“, но голем дел и од пониските ешалони во власта.

ЕУ побара да се санираат последиците од тие измени, а реагираше на спорните измени во два последователни извештаи. Во извештајот на ЕК од октомври 2024 година беше посочено дека „измените на Кривичниот законик ја ослабнаа правната рамка, негативно влијаејќи на гонењето на корупцијата, особено во случаите на високо ниво“.

„Многу тековни случаи беа прекинати или поради истечен рок на застареност или поради тоа што конкретни прекршоци – како што е злоупотребата на службената положба при јавните набавки – веќе не постојат“, беше наведено во извештајот.

Оттаму препорачаа донесување на нов КЗ, со согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди.

Слични