Еден загинат и тројца ранети во руски напад врз Киев
Во руски ракетен напад врз украинскиот главен град Киев денеска загина еден човек, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.
-Најмалку тројца се ранети, објави Кличко на Телеграм.
Двајца од повредените се пренесени во боилница.
Андриј Јермак, шеф на претседателската канцеларија на Украина, претходно изјави дека ракетните и воздушните одбранбени системи околу Киев се активни.
Нападот предизвика штети и пожари во најмалку четири области на главниот град, според украинската државна служба за вонредни состојби.
Украинското воено воздухопловство соопшти дека Киев бил нападнат со балистички ракети.