Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во Гевгелија ќе ужива во натпреварите од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“, кој треба да даде новиот освојувач на најмасовното домашно клупско натпреварување.

Стартот на турнирот е утре со четвртфиналните пресметки, најпрво од 13 часот со дуелот меѓу ТФТ Скопје и Гостивар, а потоа следат Пелистер и Чаир, па домаќинот Куманово со Кожув. Во вечерниот термин од 20:30 часот е супер-пресметката меѓу бранителот на трофејот МЗТ Скопје и Работнички.

Полуфиналните натпревари се играат во петок од 18 и 20:30 часот. Мечот за трофејот се игра во сабота во термин од 19:30 часот.

 

Слични