Светски, а наш: „Шампион“ во паркирање, неприкосновен… (ГАЛЕРИЈА)
Еднаш е грешка, двапати чалам, три пати аздис? А што би рекле за скопски „фраер“ или фраерка која/а секој ден се паркира на истиот паркинг зафаќајќи со џипиштето две паркинг места?!?!?! Катадневно…
Уште погрдо е што ова се случува во дворот на едно скопско училиште. „Одличен“ пример за идните возачи…
Веројатно, имаме светски шампион во лошо паркирање. Еве дел од секојдневниот аздис на несовесниот возач, кој совесниот граѓанин кој ни ги испрати сликите – „само“ три пати го сликал.
Ни најави дека и натаму ќе ни испраќа фотографии од истиот шофер, кој ова го правел секој Божји ден. Без срам и перде…