Анализа на Костов: Радар и под радарот – 250 дена прес-клипинг и аудио-видео мониторинг (ЧЕТВРТ ДЕЛ)

Медиумски фалангисти прават перцепциски атентати

Од изнесените факти и аргументи во претходните три текста можевме да видиме: Кој нема морал, а на кој му фали етика во медиумската свера? Кој е лажна медиумска величина, а кој медиумско џуџе? Кој е професионален новинар, а кој медиумски аматер(ама добро “подмачкан“ од другоземци? Се обидов да ви ги посочам медиумските фалангисти, кои по налог на странски наредбодатели прават перцепциски атентати. Таквите бескруполозни медиумски платеници ја поефтинија македонската душа.

Преку валкани сребреници на странски воени служби (Грција), на недоквакани дипломати и уфрлени провокатори (Бугарија), на неморални милијардери и белосветски берзански шпекуланти(Сорос), на “добронамерни“ УСАИД-и, Македонија ја претворија во масовен медиумски мол на човечки души. И тие бездушници, бесрамници и безобразни и лицемерни медиумски ѕвезди, со суровост на рибари на човечки души не тетовираа(т) ли и тетовираа(т). Не затрупаа со тони и тони медиумски дезинформации, лаги, интриги, местенки, подметнувња, етикетирања, обвинувања за говор на омраза, па дури и стигми. Ова е безочно девалвирање на македонското новинарство

Добро е што на време ги откривме и разобличивме, па докрај не им поминаа дегутантните и напати морбидни византиски медиумско-политички играрии и баханалии (тричковизми, бокитредичизми, чомовизми, инсајдеризми, ИРЛ-изми, доказем-изми, политико-изми, буревесник-изми, грчевизми, фрчоизми, фурканизми). Добро е, сега се знае сета таа филозофија на паланката на тој подземен и малограѓански медиумски свет. И на таблоидите, и на етероидите, и на екраноидите. Едноставно, медиумските цареви се разголени до гола кожа. За сребреници ни нуделе ветер и магла. Ама, карма из а бич! Па се’ што правеле, испадна дека било гола вода.

 

Грди гасеници ни се нудеа како пеперутки од соништата 

И така, сите тие откриени и разголени медиумски платеници западнаа во една неочекувана и несакана состојба на Shit hits the fan. Тешко е за превод, ама отприлика е “паднало гомно на вентилатор“ состојба. Метафора за состојба во која неочекуваното откривање на фактите (за сите платеници и кој ги плаќал) предизвикува панично-хистерични реакции на оние за кои тие факти и информации се непријатни и компромитирачки.

Така, медиумските мангупчиња мислеа дека  докрај ќе ни го наметнат синдромот “Зошто-да-не!?“, Мислеа дека се им е дозволено(каква уредничка распојасаност), па и одење против интересите, државни и национални, на Република Македонија. Е па лошо мислеле. Веруваа дека се е можно, па и дека тие се семожни во медиумскиот простор (каков новинарски простаклук), ама не било така. И убедени беа дека се поминува, ама, јок, не поминувало баш се. Времето , покажа, а президент Трамп и ни докажа, дека оние што давале сребреници и купувале, уредници, новинари, медиуми, недозволено се расфрлале со парите на граѓаните на САД, а овие што ги примале сребрениците, не станале попаметни, поумни, туку напротив, преку рецепти на “расипани јајца“ и “горчливи бадеми“, нуделе бофл медиумска стока, која заудара и шири непријатна реа.

И како да не ги открие, како да не ги виде, како да не ги почувствува човек? Па тие одамна и од далеку корнеа. Добро, најпрвин се сомневавме, ама сега и се уверивме. Така ти е кога грди медиумски гасеници ќе ти се претставуваат како пеперутки од соништата. И сега – рацете валкани – од примените сребреници – ама и образот какан и ѓоа ѓон. Море бетер и од ѓон.

Добро, уште неколку прашања за крај: Има ли напредок во медиумската свера во Македонија? Состојбата на медиумите во Македонија се подобрува или влошува?  – Прашање е сега!?. Ќе се подобри ли црно-белата слика на медиумскиот амбиент во Македонија? Е за тоа потребни се личен, колективен и институциски ангажман за да се утврдат стратегиските цели за развој на медиумската сцена. Присутен ли е принципот “слушни ги двете страни“ па пишувај и коментирај? Правилно ли се спроведува принципот “Шест прашања – кој, што, кога, каде, зошто и како“? Се запазуваат ли основните функции на новинарството во Македонија? Или пак, јавната сфера сеуште е во пранги?

 

Презир и обвинение за македонските медиумски нарикачи 

Од сето напред наведено ги презирам и ги обвинувам овие персони, фаци, ликови и сурати, само и само, поради неводење елементарна грижа и сметка за националните и државни интереси на Република Македонија. Протестирам против нивната нивната неумност и неукост, против нивниот простаклук и против нивната безочност. За сите медиумски линчови што ги направија, ги обвинувам. Се залагам за нивна јавна  и морална осуда бидејќи создаваа терористи, без да сторат било каков терор, бидејќи диригирани со далински управувач, прогласуваа виновници, без да го почитуваат принципот на презумпција на невиност. И секако, ги обвинувам бидејќи на едни помили им се Бугарија и Грција, на други Косово и Албанија, а на трети Србија. За нив интересите (државни, национални) на нашите соседи се по битни од нашите, од аспект на исполнување на желбите и барањата на Бугарија, Грција, Косово и Албанија и Србија. Добро, да не ја заборавиме и меџународната измамничка (без срам и перде) бирократска буламента од Брисел, Берлин, Париз, Вошинктон ди-си….

 

Сотир Костов

Оваа анализа го изразува личното мислење на авторот и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на курир.мк во целина

 

 

Слични