Тешко повреден маж донесен во болница, се повредил додека работел
На 13.02.2025 во 17:20 часот во СВР Струмица, од Медицински центар Струмица било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.Д.(63) од Кратово.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 15:30 часот при извршување градежни работи на објект на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица.
Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Струмица и трудов инспектор.