ВМФЛ: Победа на Македонија ЃП, Победа и Брегалница ги поделија бодовите

Maкедонија Ѓорче Петров со победа го започна вториот дел од сезоната во ВМФЛ и го победи Охрид со 0:1.

Со оваа победа „лавовите“ ја зголемија предноста на табелата бидејќи Брегалница одигра само реми без голови против Победа во Прилеп. Победа со која дојде до второто место запиша Арсими над Беласица со 0:1.

Три бода во денешните средби освоија уште Скопје со 0:3 против Вардарски и Вардар Неготино дојде до минимален триумф над последнопласираниот Осогово (1:0).

ВМФЛ РЕЗУЛТАТИ 16. КОЛО

Охрид – Македонија ЃП 0-1
Победа – Брегалница 0-0
Башкими – Борец 1-1
Беласица – Арсими 0-1
Вардар Неготино – Осогово 1-0
Саса – Кожув 1-1
Вардарски – Скопје 0-3
Новаци – Детонит Плачковица 0-0

ТАБЕЛА: Македонија Ѓорче Петров (41), Брегалница (34), Башкими (33), Арсими (32), Детонит (26), Скопје (25), Каменица Саса (25), Охрид (24), Кожув (23), Новаци (19), Беласица (19), Вардар Неготино (17), Победа (16), Осогово (8).

Слични