Рајн Некар Левен плати 100.000 евра за Јагањац

Хрватскиот ракометен репрезентативец Халил Јагањац од следната сезона ќе стане редовен член на германски Рајн Некар Левен, каде беше на тригодишна позајмица од Киелце.

Хрватскиот лев бек потпиша двегодишен договор со Германците, а Рајн Некар Левен за целата зделка на Полјаците им плати сто илјади евра.

Јагањац пред Киелце ги носеше дресовите на Нексе Нашице и Металург, а треба да се напомене дека кратко време во почетокот на кариерата мина и во ПСЖ.

Слични